O epizodi
Дане Тодоровски е претприемач, основач на Бизнис Клиника и човек кој уште од мал има силна потреба да победува, да гради и да оди кон следната цел.
Во оваа епизода зборуваме за тоа што се случува кога после секој успех многу брзо доаѓа прашањето „што е следно?“, за неговиот прв бизнис на 20 години, раниот успех и неуспехот што следувал, како научил да бара помош и зошто денес верува дека една идеја треба што побрзо да се тестира во реалниот свет.
Зборуваме и за билијардот, спорт кој Дане го игра веќе 15 години, и за работите што ги научил преку него: како се справуваш со промашен удар, притисокот, контролата на емоциите и прифаќањето дека минатото веќе не можеш да го смениш.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Погледни повеќе: https://gifto.mk/podari/
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Дознај повеќе за ATG овде: https://atgmacedonia.com/
Содржина:
00:00 Интро
01:34 Дане, како си?
01:44 ATG Warm-up
02:38 Што е за тебе ментално здравје?
05:57 Каков бил Дане како дете? Што денес правиш кога ќе „победиш“?
13:19 Љубопитност и досада: постојано поставување нови цели
17:07 Започнување бизнис на 20 години — од успех до неуспех
28:00 Што е првото нешто што правиш кога почнуваш нова бизнис идеја?
33:10 Колку е тешко да смениш насока?
42:12 Давање помош и барање помош во бизнис светот
48:35 Што има билијард масата што не можеш да го најдеш во бизнисот?
51:10 Билијард како индивидуален спорт: што се случува кога ќе промашиш лесен удар?
1:00:04 Прашање за слушателите
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција
Камера & аудио: Сашко Петровски
Монтажа: Сашко Петровски
Уредник: Сандра Митреска
Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.
---------------
#поткаст #какоси #новаепизода #менталноздравје #млади #Македонија #podcast #podcasting #newepisode #spotify #applepodcasts #youtube #newpodcast #podcastsmk
Otvori na YouTubeu →