Златко Ѓелески - Дебели Гикови Подкаст | С03Е21
O epizodi
Оскаровска Вечер 2026 со Златко Гелески - Дебели Гикови Подкаст С03Е21
🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ ЛИНК ВО БИО 🔴
Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, ни гостуваше Златко Ѓелески, еден од најпрепознатливите филмски критичари кај нас, човек со кој оскаровската вечер секогаш добива многу подлабока и поинтересна димензија!
Оваа епизода е целосно посветена на Оскарите 2026, односно на номинациите, фаворитите, можните изненадувања, големите пропусти и пошироката слика за тоа каде се движи современата филмска индустрија. Разговараме за филмовите што оставија најголем белег, за актерските и режисерските трки, но и за тоа што навистина значат овогодинешните номинации.
Особено ни е драго што ова го правиме втора година по ред, продолжувајќи една убава подкаст традиција во која оскаровската сезона ја анализираме со човек што знае да ја почувствува, прочита и објасни филмската уметност на вистински начин.
Доколку ги следите Оскарите, сакате филмски анализи и уживате во добар разговор за киното, ова е епизода што не треба да ја пропуштите. 🎬🏆
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / goblingamesmk
🧑💻 Base42 / 42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / redbullmakedonija
Sve epizode
This is OUR Cousin VLAD from Australia 🇦🇺🫶🇲🇰
My Cousin Vlad & Debeli Gikovi on a Podcast
Во оваа специјална и пред сезонска епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостува „My Cousin Vlad“, што би се рекло нашинецот од Австралија, кој конечно стигна до Македонија! 😂🇲🇰 Целиот разговор е во нашиот препознатлив х…
